Скопска Апелација до Основниот кривичен суд доставила решение со кое се уважува жалбата на одбраната на екс министерот во владата на ВМРО-ДПМНЕ, Миле Јанакиески, за укинување на мерката куќен притвор.
Во соопштението објавено на интернет страната на Основниот кривичен суд се наведува:
Апелациониот суд Скопје до Основниот кривичен суд Скопје на 18.11.2021 година достави решение КСЖ бр. 605/21 со кое второстепениот суд постапувајќи по жалбата изјавена од одбраната на М.Ј., обвинет во предметите со КОК 53/17 означен како „Т.Н.Т.“, КОК 7/18 означен како „Титаник“, КОК 9/19 означен како „Талир“, КОК 57/17 означен како „Топлик“, КОК 52/17 означен како „Траекторија“ и КОК 30/20 означен како „Шпански скали“, ја уважи жалбата за укинување на мерката куќен притвор.
Јанакиески во куќен притвор помина три години.