Полицијата во Хонг Конг денеска официјално обвини двајца членови на редакцијата на продемократскиот портал Stand News за бунт, еден ден откако упаднаа во редакцијата и уапсија седуммина вработени. Порталот   објави дека прекиува со работа.

Според соопштението на полицијата, двајца мажи на возраст од 34 и 52 години се обвинети за „заговор заради објавување на бунтовничката публикација“, но нивните имиња не се соопштуваат.

Според локалните медиуми, обвинети се уредниците Чунг Пуи-куен и Патрик Лам.