Седумдесет и три годишен Македонец паднал во кома откако му се слошило вчера по вакцинацијата во Србија потврдува директорот на Универзитетскиот клинички центар Зоран Перишиќ, објави ТВ Сител пренесувајќи ја веста на „Јужне вести“.
-Со оглед на тоа дека пациентот имал операција со четири бајпаса, направена е и коронарографија и сликани се и бајпасите, нема знаци за инфаркт, ништо не се случило околу срцето. Така што, тие причини се исклучени, вели Перишиќ.
Тој додава дека во зависност од здравствената состојба на пациентот ќе се направи и дополнителна дијагностика.