Специјалниот пратеник на Владата за решавање на недоразбирањата со Софија, Владо Бучковски, денеска ја започнува својата прва официјална посета на Бугарија.
Од бугарското МНР соопштија дека вицепремиерот и министер за надворешни работи Екатерина Захариева денеска ќе го прими специјалниот претставник на РС Македонија за Бугарија Владимир Бучковски.
По разговорите, Захариева и Бучковски ќе одржат прес-конференција во Министерството за надворешни работи.
Бучковски, како што јавија бугарските медиуми, за време на посетата на Софија, ќе има средби и со премиерот Бојко Борисов и министерот за одбрана Красимир Каракачанов, а в четврток ќе се сретне и со претседателот Румен Радев.
Универзитетскиот професор, поранешен премиер и поранешен претседател на СДСМ, Бучковски Владата минатата недела го назначи за специјален пратеник во Бугарија.