Водиме во првото полувреме со голот на Пандев. За прв пат во историјата со ваков великан како Германија. Згора на тоа на нејзин терен. Елегантниот гол на Пандев ни носи радост, иако во играта Германците ја имаат топката во свои нозе и се чини дека порано или подоцна ќе почнат да не „мелат“. Играат слабо, а можеби е обратно – можеби ние не им даваме да играат добро. Не не интересира – прво полувреме Германија – Македонија 0:1.
Потоа Германците добиваат незаслужен пенал. Во девет од десет случаи судијата не би свирел, но рускиот судија покажува дека видел добро и дека тоа е пенал. Не е, ама нема ВАР и не се може ништо.
Гундоган дава гол, 63 минута е, има доволно време за уште голови, се плашиме да паднеме сега со духот.
Но, на терене играта останува иста. Германците јалови, промашуваат неверојатен зицер, не би го промашиле тоа уште сто пати да биде повторена истата ситуација, но тоа е единствен момент кога имаме среќа. Ги држиме в раце, не им даваме д аграат, освен д акружат на 30 метри, но тоа е се што можат.
РуУсинот повтрно не оштетува. Една топка која на два – три метра од голот на Германците оди кон Пандев, сигурен гол ќе беше тоа во наша полза, германскиот играч го удира в рака и топката ја менува насоката. Пенал видлив и од највисоката точка на стадионот, но рускиот судија не ни е наклонет. Згора на тоа Пандев добива жолт картон, тоа му е втор, нема да игра на наредниот меч со Ерманија кој е клучен за нас. Се чини среќата не напушта и колата тргнува надоле…
Но, ситуацијата на терен не се менува. Напротив, ние стануваме за нијанса поагресивни, се плашиме да не не понесе играта напред, па наместо ние да создаваме контра, да не примиме гол од контра на Германицте. Тие вртат околу нашата одбрана, се се стабилизира, и тогаш експлозија низ цела Македонија: 85 минута, акција како швајцарски часовник, четворица играчи учествуваат, на крајот Адеми до Елмас и тоа е 2.! за нас.
Победа? Да почекаме.
Осумдесет и деветтта минута, играта е на кратко прекината поради повреди, продолжува, а добиваме дури шест минути продолжување. Во меѓувреме и Ангеловски добива жолт картон, оти се чини дека судиите претераа, времето течно бавно, но шесте минути, најдолги во историјата ан македонскиот фудбал изминуваат и тоа е прва победа на Македонија над Германја и прв победа вооопшто над еден светски шампион. Неверојатно.