Ана ГЛИГОРОВА

Тулај Нурединова Мустафа, прекрасната граѓанка од Битола, на која за долг од 5000 евра и беше земена куќата денеска не напушти прерано, замина во вечноста.

Ми зборуваше дека извршителот дури и алиштата и ги земал, не спиеше со години со голем терет во душата. Пријавуваше кај Народниот правобранител, во ОЈО, беше константно присутна на сите наши протести, беше и на разговор во Министерството со надлежните. Бараше правда, беше борец, невидено храбра, стана бездомник, но остана со достоинството како сјајна ѕвезда. Светол да ти е патот Тулај. Ние ќе продолжиме да се бориме без здив, за правда.