Мори Марков почина на 3 јуни, во својот втор дом – Лос Анџелес, САД, нa 110-годишна возраст. И, тoa бил дoстa исполнет живот… „Секогаш љубопитен“, вели неговата ќерка Јудит Хансен. Сега научниците ќе го проучуваат неговиот мозок.
Роден во Њујорк, од родители – еврејски имигранти, Марков имал само основно образование, но сепак, вели – човек учи додека е жив. Се преселил на американскиот Запад, се оженил со Бети во 1938 година и почнал свој бизнис. За време на своите 81 година брак, семејството Марков израснало две деца, патувале низ светот (Мексико, Кина, Јапонија и тогашниот СССР) и пешачеле по пет километри дневно заедно до нивното деветто деселетие, пред Бети да почине во 2019 година на 103 години.
Според Хансен, умот на Марков бил сосем уникатно нешто.
– Тој вајаше. „Блогираше“. Напиша и книга на 99-годишна возраст. Цел живот ја негуваше својата вродена интелектуална љубопитност, откривајќи и нурнувајќи во „Википедија“ и сета таа огромна продавница на информации, вели неговата ќерка.
И сега, благодарение на неговото семејство, мозокот на Марков ќе биде проучуван од научниците кои сакаат да дознаат повеќе за процесот на стареење – и зошто кај некои луѓе се јавува деменција и умствен пад, а други како Марков – остануваат остроумни до крај. Неговата ќерка вели дека менталната активност е клуч за долговечност. Тиш Хевел, извршен директор на проектот за дарители на мозок за науката, смета дека ова е корисно за науката, но и за луѓето кои во иднина би страдале од Паркинсонова болест, Алцхајмерова, невродегенеративни состојби итн.
Проектот за дарување мозок за научни цели e идeja на Американскиот национален институт за здравје „Неуробиобанк“ којшто работи со избрана група истражувачки установи со цел научни испитувања.
Фото: Интернет, фотоисечок