Доктори од комплексот клиники „Мајка Тереза“ во Скопје во раните утрински часови на 13 јуни пријавиле дека во болницата починал 78-годишен грчки државјанин кој бил донесен повреден на 8 јуни годинава.
Истиот ден во 13.20 часот на регионалниот пат, пред влезот во Нов Дојран, Гркот со својот автомобил „опел астра“ излетал од коловозот, по што бил пренесен во болницата во Гевгелија.