Легендарниот боливудски глумец Дилип Кумар, познат како „Кралот на трагедијата“ – по многуте трагични улоги што му го дадоа прекарот, почина на 98-годишна возраст во болница во Мумбај, Индија. Тој долго боледувал од рак на простатата, пренесоа светските медиуми.

Неговото семејство ја објави веста за неговата смрт на Твитер, а подоцна и премиерот на Индија, Нарендра Моди напиша дека смртта на уметникот е загуба за индиската култура и им изрази сочувство на семејството и обожавателите на актерот. И ѕвездите на индискиот филм ги преплавија социјалните мрежи со зборови на почит кон глумецот.

„‘Институцијата’ веќе ја нема“, напиша боливудската суперѕвезда, глумецот Амитаб Бачан.

„Ова е крај на една ера!“, сподели режисерот Мадуро Бандаркар.

Кумар бил двапати згрижен в болница изминатиов месец, откако се жалел на отежнато дишење.