Во Белград на возраст од 81 година почина легендарниот фудбалер на Црвена Звезда, Драгослав Шекуларац, еден од најдобрите дриблери во историјата на југословенскиот фудбал.

Беше стандарден член на репрезентацијата на Југославија за која одигра 41 натпревари и постигна шест голови.

Роден беше на 8 ноември 1937 година во Штип. За Звезда дебитираше во 1955 година и за 11 години одигра 470 натпревари, постигна 119 голови и освои седум титули државен првак и пет купови.