Почина познатиот хрватски пејач Масимо Савиќ.

Неговата ќерка и сопруга на „Фејсбук“ објавија за ненадејната смрт на нивниот татко и сопруг.

Нашиот татко, сопруг, гордост и љубов, Масимо Савиќ, нè напушти по кратка, но херојска борба. Иако го напушти овој свет, вечно ќе живее во нашите души; насмеан, топол, силен, полн со љубов и исткаен од уметност. Засекогаш ќе останеме твоите девојки. Ени и Мирна, стои во објава на Фејсбук.

Тажната вест ја потврди и дискографската куќа Aquarius Records.

Савиќ починал во болницата во Виноград каде се лекувал од рак на белите дробови.