Почина Мито Алексовски, познат од документарниот филм „Македонецот“, лик преку кој е прикажана драмата на децата-бегалци од Егејска Македонија (Грција).
Благодарение на неговиот син Петро Алесковски, кој живее во Полска, светот дозна за трагичната судбина на Мито, кој бегајќи од етничкото чистење на Македонците за време на Граѓанската војна во Грција, засолниште најде во Послка. Нему не му беше дозволено од страна на грчките власти да се врати и да го види своето огниште.
Мито пред 81 година беше роден во селото Шиштеово, Костурско. Живееше до последен ден со надеж дека ќе ја види својата родна куќа. Во тоа успеа неговиот син, кој го направи трогателниот документарец за личната траума на Мито, која е и македонска траума.
Во филмот жители на неготото родно село се потсетуваат на Мито велејќи дека мајка му кога се раздвоила од него, се надевала дека за два-три месеци ќе си го виде синот. Тоа не се случило, а Мито никогаш не потклекнал и не рекол дека е Грк, туку само Македонец.
Македонците низ целиот свет денес на социјалните мрежи се простуваат од Мито Алексовски со зборовите – Слава му!