На 47-годишна возраст почина новинарот Саше Димовски, кој во јавноста беше познат по следењето теми од областа на правосудството.
Димовски беше претседател на Советот на честа на Здружението на новинарите на Македонија (ЗНМ), а неодамна беше именуван во Комисијата за помилување на претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Работниот век го помина во повеќе медиуми, меѓу кои „Канал 5“, „Сител“, „Алфа ТВ“, „Фокус“, а беше основач на порталот СВЕДОК.МК за следење теми од областа на судството.
Димовски беше автор на голем број публикации од областа на правосудството и медиумската етика.
Погребот на Димовски ќе се изврши в среда (7 август 2024 година) на новите Градски гробишта во Велес.
Фото: Фејсбук