Шеесетгодишниот А.А. од тетовското село Одри починал вчера на скопските клиники каде бил донесен како тешко повреден од сообраќајна несреќа што истиот ден претходно се случила на регионалниот пат Тетово – Јажинце што минува низ Одри информираат од СВР Тетово.
Вчера околу 15 часот и 40 минути А.А. (60) додека пешки се движел бил удрен од патничко возило „Опел астра“ со тетовски регистерски таблици што го управувал А.А. (20) од Јажинце.
Од удирот пешакот здобил тешки телесни повреди и по укажаната лекарска помош во тетовската клиничка болница каде бил пренесен со возило на Брза помош, итно бил префрлен на Карил во Скопје каде пред полноќ им подлегнал на повредите.
Полицијата извршил увид на местото од сообраќајката и работи на целосно утврдување на причините за несреќата, околностите во кои се случила и се друго.