Почина поранешниот премиер на Италија Силвио Берлускони

/ 12.06.2023

Поранешниот премиер и скандал-мајстор на италијанската политика Силвио Берлусокни почина на 86-годишна возраст.

Поранешниот италијански премиер Силвио Берлускони почина во болница во Милано, јавија италијанските медиуми.

Тој починал во болницата „Сан Рафаеле“ во Милано, а како што пишуваат медиумите, во последните неколку години неколку пати бил хоспитализиран.

Беше лидер на политичката партија Форца Италија.

Во април тој се лекуваше од белодробна инфекција предизвикана од леукемија.

Во јануари 2022 година се лекуваше од сериозна инфекција на уринарниот тракт, а во септември 2020 година беше под лекарски надзор поради пневмонија предизвикана од коронавирусот.

Медиумскиот тајкун и милијардер, Берлускони првпат дојде на функцијата во 1994 година и водеше четири влади до 2011 година.

Берлусони долго време беше и сопственик и претседател на европскиот фудбалски гигант Милан.

Берлускони беше премиер кратко време – седум месеци во 1994 година, пред повторно да биде назначен на истата позиција во 2001 година.

Втората влада на Берлускони е најдолгата во историјата на Италијанската Република. Но, на 20 април 2005 година тој понуди оставка на својата влада по поразот на регионалните избори и внатрешните проблеми во коалицијата. Потоа, на 23 април 2005 година, формираше нова влада без поголеми промени во нејзиниот состав.

На 12 ноември 2011 година Берлускони поднесе оставка до италијанскиот претседател Џорџо Наполитано, по губењето на парламентарното мнозинство и големата економска криза што ја зафати земјата.

Берлускони беше и сопственик и основач на медиумските компании кои многумина ги нарекуваат „италијанска медиумска империја“. Според магазинот Форбс, Силвио Берлускони бил најбогатиот човек во Италија со имот вреден 12 милијарди долари во 2005 година, а бил и 25-ти најбогат човек во светот.

Тој исто така беше претседател на фудбалскиот клуб Милан помеѓу 1986 и 2004 година.


Од истата категорија