На 88 годишна возраст почина големиот шпански моден дизајнер, парфимер и бизнисмен Пако Рабан, објавија светските медиуми.
Франциско Рабанеда Куерво, попознат под псевдонимот Пако Рабан, беше шпански моден дизајнер со баскиско потекло.
Неговата смрт ја потврди и портпаролот на шпанската група „Пуиг“. Дизајнираше гардероба, накит и парфеми.