Ракометна Македонија утрово доби лоши вести кои ја потврдија смртта на познатиот тренер Андон Бошкоски.
Истакнатиот стратег низ кариерата беше дел од екипите на Работнички, Металург, Богданци, Вардар, Еурофарм Работник, Струха, Голден Арт, Радовиш и Пролет. Тој имаше и кратко искуство надвор од границите, во тимовите на ЦСМ Роман, Вучитрн и селекторската позиција во Грузија.
Македонските познавачи на ракометот ќе го паметат Доне по неговата пасија за својата работа. 47-годишникот почина во својот дом и донесе тага ширум цела Македонија.
Неодамна почина и неговиот татко, тренерот Лефтер Бошковски по чии стапки тргна и Доне.
Прволигашите ги искористија социјалните мрежи за да испратат последен поздрав до Бошковски: