Екс заменик-министерот за образование и пратеник на СДСМ, Тале Герамитчиоски вчеравечер починал од компликации од Ковид-19.
Герамитчиоски, кој е роден и живееше во Прилеп, беше заменик-министер во периодот 2002-2006 година, во тогашната Влада на СДСМ, по што беше избран за пратеник, на изборите во 2006 година. Беше професор на Техничкиот факултет на Универзитетот во Битола.
Сопартијци од СДСМ преку социјалните мрежи се збогуваат со Герамитчиоски.