Мирјана Марковиќ, сопруга на екс српскиот претседател Слободан Милошевиќ и прва претседателка на ЈУЛ, починала во болница во Сочи во 77 година, јави српска Политика.
Марковиќ е во Русија од 2010 година каде добила азил, бегајќи од правосудниете органи на Србија кои распишале потерница по неа во врска со истрага за злоупотреба при поделба на државните станови во 2000 година.
Таа е родена на 10 октомври 1942 година во Пожаревац. Студирала социлогија во Белград, каде и докторирала, а подоцна била професорка на неколку факултети.
Била редовен член на Руската акдемија на науки. Објавила преку 100 трудови од областа на социологијата.
Најпозната е по политичкиот ангажман и како сопруга на Слободан Милошевиќ.
Поради бегството, не присуствувала ни на погребот на нејзиниот сопруг, кој почина во 2005 година во затворот во Хаг.
Минатиот месец судот во Белград ја укинал пресудата со која по 19 години беше осудена на една година затвор. Во укинувачката пресуда е наведено дека не е јасно зошто првостепениот суд не утврдил дека делото е застарено.