По кусо боледување денес почина Кофи Анан (81), соопштија неговото семејство и Фондацијата која го носи неговото име.

Анан беше поранешен дипломат од Гана и генерален секретар на ОН од 1997 до 2006 година.

Во 2001 година Анан и ОН заеднички ја добија Нобеловата награда за мир.

По завршувањето на функцијата во 2012 година тој беше назначен за специјален пратеник на ОН и на Арапската лига во Сирија кога јавно кажа дека фрустриран од немањето напредок во таа земја зафатена со граѓанска војна потпомогната со странски платеници.

Поранешниот генерален секретар на Обединетите нации во октомври 2012 година во Вашингтон изјави дека спорот за името меѓу Македонија и Грција е единствен таков пример во историјата на една држава да и се негира името од страна на нејзин сосед и дека Атина не била подготвена да се реши ова прашање.

„Срамота е што ова прашање се одолговлекува толку долго“, рече Анан, одговарајќи на новинарско прашање за време на неговиот настап во институтот Брукингс во Вашингтон. Според Анан, кој беше генерален секретар на ОН од 1997 до 2006 година, Македонија и Грција биле блиску до решавање на спорот во неговиот мандат, и Македонија била подготвена на решение, но Грција не сакала да прифати.

 

.