Претстојниот викенд стартува вториот дел од сезоната во Првата и Втората македонска фудбалска лига во кои натпреварите ќе почнат со минута молк за жртвите од катастрофалниот земјотрес во Турција и Сирија.
-Комисијата за натпревари одлучи натпреварите од 19. Коло во Прва МФЛ и 16. коло од Втора МФЛ да започнат со едноминутно молчење во знак на трагично загинатите во земјотресот кој минатиот понеделник ги погоди Турција и Сирија, соопшти Фудбалска федерација на Македонија.
Билансот на загинати во двете земји се искачи на повеќе од 41.000 луѓе.