Во 18 часто започна седницата на ДИК по поднесените над 2000 приговори за гласањето одржано во средата.
На самиот почеток експресно беа отфрлени 1478 приговори од партијата Левица поради тоа што приговорите немале печат и потпис од овластено лице.
Токму од Левица се поднесени најголем дел од приговорите.
Ќе биде интересно да се чуе кое е образложението на Левица за одбиените приговори, односно за тоа зошто немале потпис и печат од овластено лице.
Голем број приговори има поднесено и Аијанската на Албанците, а нејзиниот член Таравари, градоначалник на Гостивар и екс министер а здравство, тврди дека имаат докази дека на изборите гласале лица кои воопшто не се присутни во Македонија.