Сеуште трае заедничката средба помеѓу шефот за надворешна политика на Европската унија Жозеп Борел со претседателот на Србија, Александар Вучиќ и косовскиот премиер Албин Курти. Последно пред неколку часа се појави портпарол на еврокомесарот за проширување, Петар Стано. Ќе ве разочарам, бидејќи нема да ви пренесам ништо од средбата,тоа ќе го стори високиот претставник-рече тој. Кажа дека не се знае колку ќе трае овој состанок, а не ја искучи можноста приквечерието да го поминат преговарајќи на маса по што ќе следи изјава,без можност за поставување на новинарски прашања. Се очекува на крајот на денот сепак да дадат изјави српскиот претседател и косовскиот премиер. Последниот утринава пред почетокот на состаноко кусо кажа што очекува од денешната средба.

Тука сум за принципиелен,отворен ,сериозен дијалог кој треба да резултира со договор.Не дојдов на разговори за разговори, туку за разговори за договор.

Инаку новата рунда од дијалогот Србија – Косово започна утринава со одвоени средби на Борел со Вучиќ, а потоа и со премиерот на Косово Курти. На средбите присуствуваше и претставникот на ЕУ за дијалог меѓу Косово и Србија, Мирослав Лајчак. Фокус на состоноците е европскиот предлог за нормализација на односите помеѓу Косово и Србија.

Во Охрид е и американскиот преставник за Западен Балкан Габрел Ескобар. Тој денеска изјави дека главната цел на средбата е финализирање, а не потишување на договорот. Ескобар се сретна со претседателот Пендароски кој порача дека позитивна вест на крајот на оваа сесија разговори во Охрид ќе биде добра за целиот регион, не само за оние страни кои се инволвирани. Во таа насока беше и обраќањето на Премиерот Ковачески,кој е домаќин на овој состанок на високо ниво .

Дијалогот е единствената алатка за консолидација на регионот и за европската интеграција на двете земји. Отворен дијалог со кој се решаваат отворените прашања од различни аспекти е од огромна важност и за регионалната стабилност,одржувањето на мирот и патот кој води кон просперитетна иднина не само за Србија и Косово, туку и за целиот регион.

На состанокот каде денеска се одвива продолжението на разговорите за договорот за пат кон нормализација на односите меѓу Белград и Приштина, меѓу приситните се министерот за надворешни работи Бујар Осамани, како и лидерот на ДУИ Али Ахмети. Ја имаш историската шанса да покажеш конструктивност со меѓународната заедница и да постигнеш договор, без притоа да има штета за Косово, чија независност е реалност, му кажал лидерот на ДУИ Али Ахмети на косовскиот премиер Албин Курти утрово во Охрид, информираат извори на ДУИ.