Во 14 часот денеска, почна третиот протест против поскапувањето на струјата во Скопје, а демонстрантите се собраа кај „Мавровка“ и се упатија кон Министерството за правда.

При тоа се блокираат крстосниците кај Судска палата и кај Палома Бјанка.

Ова е трет протест против поскапувањето на цената на струјата, откако беше одлучено сметките за електрична енергија да бидат повисоки за 7,4 отсто.

Организаторите на протестите бараат поништување на одлуката на Регулатроната комисија за енергетика за зголемување на цената, поевтинување на струјата и распуштање на РКЕ.

Протестот е најавено дека ќе трае до 16 часот, а протести се најавени и за Тетово, Прилеп и Битола.