Починала пациентка од Берово, здравствен работник, позитивен на корона и нејзиниот сопруг

/ 16.08.2020

Здравствен работник од Берово е втората жртва од Ковид-19 во Малешевијата. Станува збор за пациентка на возраст од 57 години која по позитивниот тест пред повеќе од 48 часа, заедно со нејзиниот сопруг, кој исто така е здравствен работник биле примени во болница.

Според информации од лица блиски на пациентите, во текот на вчерашниот ден состојбата на пациентката се искомплицирала по што починала. Според истиот извор и лица со кои контактирал, нејзиниот сопруг е во добра здравствена состојба. Позитивен на Ковид-19 како што додаваат е и нивниот син кој е без симптоми.

За помош на семејството и скапото лекување, како што информираат граѓани, во тек е хуманитарна акција за собирање парични средства.

-Се работи за исклучително пожртвувани здравствени работници кои нема на кого не помогнале, поради што со помош на локалните портали е организирана и акција за собирање парична помош за семејството, информираа граѓани.
Во Берово заклучно со денешниот ден има 8 активни случаи кои се позитивни на Ковид-19.


Од истата категорија