Започнува судењето на поранешниот болничар Нилс Хогел (41) за убиство на уште 98 пациенти. Нилс Хогел веќе отслужува доживотна затворска казна за убиство на двајца пациенти, но неодамна беа поднесени нови обвиненија за него за убиства со инекција на уште 98 постари луѓе во болниците во Олденбург и Делменхорст.
Се верува дека Хоегел убил вкупно 36 пациенти во Олденбург и 64 Делменхорст, помеѓу 1999 и 2005 година.
Хогел инјектирал големи количини несоодветни лекови кај болни пациенти.
Неговиот главен мотив бил да им се докаже на своите колеги.
Имено, како што состојбата на пациентите по вбризгувањето на содржината на инекцијата се влошувала, Хогел прв доаѓал за помош и ги реанимирал. За жал, во многу случаи реанимација не успевала и пациентите го губеле животот.
Целиот случај е многу чувствителен на германскиот здравствен систем, бидејќи роднините на починатите ги обвинија водечките фигури во здравството дека ги прикривале или ги игнорирале сомневањата за убиствата на Хогел и дека не одговарале соодветно и одговорно на таа ситуација.