Американската армија ќе распореди 5.200 војници меѓу кои и оние со оружје на границата со Мексико за да засили напори на американскиот претседател Доналд Трамп за подобро обезбедување на границата на САД со Мексико, изјави шефот на американската Северна команда, генерал Теренс О’ Шогнеси.

– Мислам дека претседателот јасно рече дека безбедноста на границте е прашање на националната безбедност, изјави тој.

Трамп на Твитер објави дека мигрантскиот караван е „инвазија врз САД“, наведувајќи дека „многумина се членови на криминални банди и некои многу лоши луѓе во караванот што се движи кон јужната граница на САД“.