Тајната полиција на Чехословачка направила досие за Доналд Трамп по неговата венчавка со Чехињата Ивана Зелницкова, објави прашкиот неделник Респект.

– Да, Трамп беше во нашиот фокус на интерес, изјави Властимил Данек, поранешен подрачен шеф на СтБ (државната безбедносна служба) во Готвалдов (денешен Злин), роден град на Ивана Трамп.

– Знаевме дека Трамп е влијателен. Не криеше дека сака да биде претседател. Сакавме повеќе да дознаеме за него, изјави Данек.

Во 1978 година СтБ прво отовориле досие за Ивана Зелницкова, а потоа го дополниле со информации за нејзиниот сопруг, објави Респект кои тој напис го направиле заедно со британски Гардијан.

Во 1977 година Ивана, поранешна скијачка и манекенка која подоцна станала биснисменка, се омажила за Трамп со кого има три деца – Доналд помладиот, Иванка и Ерика.

Во дисието се нагласува дека Трамп почнал да размислува за претседателска кандидатура во 1986 година, но се откажал бидејќи мислел дека е премлад (тогаш имал 41 година).

– Сака да се кандидира како политички независна личност. Не е член ниту на Демократската ниту на Републиканската партија, иако и двете го сакаат кај себе, се вели во досието.

– Иако е нестварно, Доналд Трамп е сигурен во победа.

СтБ е распуштен во 1990 година.