Поминаа две недели од објавувањето на скандалозната национална програма за култура, односно од публикувањето на резултатите за финансирање на проекти од национален интерес во културата од областа на литературата и издавачката дејност, а никој – буквално никој, – не понел ниту морална одговорност за криминалната распределба на народните пари. Намесникот во премиерската фотелја вчера имаше состанок со човекот што е одговорен за скандалозната програма за култура, а потоа го лиферуваа најглупавото соопштешние во историјата на Министерсвиото за култура. Во тоа соопштение мешудругото се вели: „На субјектите кои се пријавиле на годишните конкурси за поддршка на проекти од културата без целосна документација, во согласност со Законот за општата управна постапка им се дава можност во соодветен рок да достават дополнителни појаснувања и документација за пријавите што имале формални недостатоци!“ Какви појаснувања, каква документација! Во програмата нема простор ниту за појаснувања, ниту за докуементација! Програмата е целосно криминална во сите сегменти и со неа сега дефинитивно треба да се позабават соодветните органи и институции во државата. По вчерашната изјава таканаречениот премиер ниту нешто видел ниту нешто разбрал, гледајќи ги одлуките и ставките за поддршка на проектите што му ги сервирал ресорниот министер. Еве, за негово добро, уште еднаш ќе му посочиме дел од прифатената програма!
Во програмата за литература/книжевност има книги кои се прогласени за „книжевни дела“, иако немаат никаква врска со книжевноста која се дефинира како уметничко творештво чие изразно средства е зборот, односно јазикот. Иако таквите книги воопшто не требало да бидат разгледувани, од програмата може да се види дека парите се делени по бавтана, од ракав, по приватни линии, па веднаш треба да се види ( и да се објави ) составот на Комисијата за литература и издаваштво, но и кој е човекот што ја предводел Комисијата и каде тој е вработен? Дури и оние што не се упатени во темата со мала споредба можат да видат како е вршена распределбата.
Еве неколку примери за споредба:
Мирела Ибраими: „Стручните органи во средните училишта..“……..200.000
Фестим Халили:„Софтверско инжинерство“………………………………….180.000
Даим Иљази : Врне дожд во Тетово ……………………………………………..190.000
Шабан Синани: Да се биде прв……………………………………………………..180.000
Здружение „Пурпура“-Тетово: „Да се биде Албанец“………………….. 150.000
Зеќирија Реџепи:„ Европската унија и интегративниот процес“……..185.000
Фадбарда Исмаили: „Методологија на правното пишување“……….. .120.000
Маир Исени: „Родителската грижа влијае на децата“…………………….130.000
Беџет Точи: „Психомоторика“……………………………………………………… 130.000
Шефки Селами: „Менаџирање на наставата во Тетово“……………….. 120.000
Ибиш Кадрија: „Политичка социологија“………………………………………140.000
Фаузи Скендери:„Географија нанаселби“/Демогеографија“……………200.000
Фатон Мурсели: „Комуникацијата, наша судбина“………………………..100.000
Ваљбона Камбери: „Дидактички помагала за читање книги на
часови по албански јазик во Македонија“……………………………………….100.000
Исмет Јонузи: „Албанскиот клуб и конгресите на Битола………………100.000
Хавуше Лесковица- Исмаили: „Истражувачките центри во
претставничките тела……………………………………………………………………..100.000
Осман Кадриу: „Вовед во граѓанско право“/ „Уставно уредување на Република Македонија“………………………………… ……………………………….150.000
Зејнепе Алили Реџепи: Зрнца што плутаат копнеж………………………..185.000
Во споредба со нив, иако никој од нив не објавува книжевно дело, македонските писатели се третирани како маргиналци па за нивните книги се доделени средства кои одвај би ги покриле само печатарските трошоци:
Стојан Тарапуза: „Капки со шапки“…………………………………………. 60.000
Јован Стрезовски: „Чувари на тајни“…………………………………………75.000
Оливера Николова: „Песот со тажен поглед“…………………………….65.000
Ефтим Клетников:„ Македонски архетип“………………………………..50.000
Веле Смилевски: „Димитар Солев како полемичар“……………………70.000
Блаже Миневски: „Мрежата на Мамли“…………………………………… 60.000
Давор Стојановски: „Импровизирани часови“…………………………….60.000
Братислав Ташковски: „Години од слама“…………………………………55.000
Милован Стефановски: „Дворски песни“…………………………………..60.000
Кристина Николовска: „Мостови на убавината“…………………………70.000
Владимир Плавевски: „Чувар на штурци“…………………………………..45.000
Трајче Кацаров: „Како станав Амадеус“……………………………………..60.000
Јовица Ивановски: „Набилдана месечина“………………………………….70.000
Александар Прокопиев: „222 антиупатсва за лична употреба“…….70.000
Владимир Мартиновски: „Буба мара на зрно калинка“……………….66.150
Христо Петревски: „Јас и мојот двојник“…………………………………….65.000
Марина Мијаковска: „Коскена“………………………………………………….50.000 Стефан Марковски : „Хипербог“…………………………………………………40.000
Александар Кујунџиски: „Нерешено“…………………………………………60.000
Винка Саздова: „Кај Вили“………………………………………………………….60.000
Елизабета Баковска: „Мајката и инаквите деца“………………………….65.000
Јован Дамјановски:„Кафез на душата“………………………………………. 60.000
Ана Стојаноска: „Дијалози во еднина“…………………………………………60.000
Снежана Веновска-Антевска: „Мал речник на туѓите зборови во македонсксиот јазик“……………………………………………………60.000
Весна Мојсова -Чепишевска:„ Клуч од клучалката на детството“…70.000
Какви дополнителни појаснувања и документација треба да поднесат овие македонски писатели, преведени на многу странски јазик и носители на бројни книжевни награди? Дека се Македонци или….