Македонецот Стојан Маџов кој живее во Италија, за време на граѓанскиот собир во Емилија Ромања, на лидерот на опозициската Лега, Матео Салвини, му подарил капче со боите на Македонија.
Салвини со задоволство го примил подарокот со симболот од старото македонско знаме со Сонцето од Кутлеш и се фотографирал со нашинецот што му го подарил капчето.