Претседателот на Илинден од Тирана, Никола Ѓурѓај, асицијација во која што членуваат најголем дел од Македонците кои што живеат во Албанија, со јавна поддршка за кандидатката за претседател, Гордана Силјановска Давкова.
-Почитувани Македонки и Македонци од Република Албанија со право на глас во татковината Македонија, на 8 мај 2024 ве повикувам масовно да излезете да гласате за проф. д-р Гордана Силјановска Давкова број 2. Јас лично без никаква дилема целосно ја поддржувам проф. д-р Гордана Силјановска Давкова, исто барам од Вас масовно да ја дадеме поддршката на ВМРО-ДПМНЕ за една нова и поубава иднина и просперитетна татковина. Македонија повторно горда! Победата ќе биде историска, напиша Никола Ѓурѓај.