Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски, денеска престојуваше во Пробиштип, каде што посети повеќе населени места и разговараше со граѓаните.
-Денеска имав можност да прошетам низ повеќе населени места во Пробиштип, да разговарам со граѓаните и да ја споделам нашата програма. Народот треба масовно да излезе и да го направи вистинскиот избор. Вистинскиот избор за Пробиштип е Тони Тоневски – кандидат за градоначалник кој во минатиот мандат реализира многу проекти. За жал, дел од тие проекти денес не се ни одржуваат, изјави Мисајловски.
Тој додаде дека граѓаните треба да го поддржат Тоневски затоа што, како што рече, се работи за чесен и трудољубив човек кој има визија за развој на општината.
-Ги повикуваме сите граѓани на масовна поддршка за Тони, затоа што тој е човек што сака да направи многу нови проекти и да го унапреди животот во Пробиштип, нагласи Мисајловски и додаде:
„Имаме една прекрасна Советничка група која што сега мнозинството го има ВМРО-ДПМНЕ и со која заеднички ќе направиме многу проекти. Заедно цо централната власт, заедно со Советот, заедно со Тони како градоначалник, навистина ќе има убави работи за Пробиштип“.




