Што и да кажам нема да е посилно од тоа што ти го напиша, се вели во реакцијата од македонската поп-пејачка Елена Ристеска, во поддршката што ја изразува до сопругата и до семејството на поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој се наоѓа во притвор каде десетина дена штраjкува со глад.

Вчера неговата сопруга Сања Јанакиевска објави подолга порака на Фејсбук. Во коментар, по објавата на сопругата на Јанакиески, која сведочи со каква психолошка тортура се соочува тој и неговото семејство, Ристеска вели дека не може да разбере зошто се случуваат овие работи, „ако се има предвид колку добар човек е Миле и колку добрини направил“.

– Што и да кажам нема да е посилно од ова што ти го напиша. Само ќе кажам како ваша пријателка со години, а ова е и ставот на моето семејство, дека се што е напишано е вистина! Сум била сведок на многу добрини на Миле, особено кон луѓе кои не ги познава. Јас таков човек досега не сум сретнала. Сочувствуваме со вас Сања. Затоа што не само Миле, туку и ти си златна душа. Политика ни јас не сакам, да можам да сум глува и слепа за политика би била најсреќна. Но, за жал гледам и слушам и се чудам што се случува. Гушни ги дечињата од мене, стиснете заби, ќе заврши сето ова и ќе бидете повторно среќно семејство, напиша Ристеска.