Скопјанката Олгица Н. Трајковска денеска до ОЈО поднесе кривична пријава против Оливер Спасовски и Зоран Заев поврзана со вадењето на новите документи со насилно променетото име на државата со краен рок до 12 февруари 2024 година. Таа во својата објава истакнува:
„Почитувани, денеска, до ОЈО поднесов Кривична пријава против министерот О.Спасовски и поранешниот претседател на Владата З.Заев, за кривичното дело: Злоупотреба на службената положба и овластување (чл 353 ст.3 од КЗ) поради НЕИЗВРШУВАЊЕ на своите службени должности за усогласување на документите од страна ЈАВНАТА администрација (меѓу кои и на личните документи на граѓаните), а О.Спасовски и за ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ на своите службени должности извршено, спротивно на правниот систем, со негово УСМЕНО прогласување за неважечки на издадени важечки документи согласно законите за лични документи во рокот од 5-те години, во кој јавната администрација била должна да ги усогласи, а поради нивна вина тоа не го сторила… со што се предизвикува ЗНАЧИТЕЛНА материјална штета за граѓаните, покрај другите штети по здравјето, уставното начело за правна сигурност…итн! Господ на помош!“
Ова е содржината на кривичната пријава во целост:
До
Основно Јавно обвинителство
Скопје,Кеј Димитар Влахов бб
КРИВИЧНА ПРИЈАВА
Против:
– Оливер Спасовски, Министер за внатрешни работи и член на Владата на Република Македонија, како сторител и
–Зоран Заев, поранешен Претседател на Владата на Република Македонија, (Струмица, „Благој Мучето“ 4/л.2), како соизвршител
За Кривично дело:
-Злоупотреба на службена положба и овластување од член 353, став 3 од Кривичниот законик, за кое е запретена казна затвор од најмалку 3 години.
Поради следното:
Јавната администрација, со чл.3 на Уставниот закон за спроведување на Амандманот 33 на Уставот на РМ, е ЗАДОЛЖЕНА во рок од 5 години од денот на влегувањето во сила на Амандманот ( од февруари 2019. до февруари 2024.), да изврши УСОГЛАСУВАЊЕ на документите и материјалите што ги издава ( меѓу кои и на личните документи) со новото Име на Државата.
Меѓутоа, de jure i de facto,, во подолг период (30 месеци) ПОСЛЕ влегувањето во сила на ЗАКОНСКАТА ОБВРСКА за усогласување на документите, на граѓаните им се издавани ВАЖЕЧКИ, но НЕУСОГЛАСЕНИ документи со Законот, со рок на важење далеку подолг од задолжителниот рок за усогласување, а исклучиво поради НЕИЗВРШУВАЊЕ на СЛУЖБЕНИТЕ ДОЛЖНОСТИ на Министерот и на тогашниот Претседател на Владата.
За потоа, без никаква правна основа, која не е ниту иницирана пред Собранието, поради НЕИЗВРШУВАЊЕ на СЛУЖБЕНИТЕ ДОЛЖНОСТИ на Министерот и тогашниот Претседател на Владата, како и поради ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ на границите на своето службено овластување на Министерот, од него, истите тие важечки документи, УСМЕНО се прогласени за НЕВАЖЕЧКИ и се задолжуваат граѓаните, дополнително, на своја сметка да ги усогласат, што предизвика гнев кај граѓаните, го повреди уставното начело за правна сигурност и предизвикува ЗНАЧИТЕЛНА ШТЕТА со нови, неосновани, вонредни трошоци за граѓаните.
О Б Р А З Л О Ж Е Н И Е
– Министерството за внатрешни работи, како дел од јавната администрација, е надлежен орган за издавање лични документи во согласност со закон, па оттука и во согласност со чл.3 од Уставниот закон. Министерот за внатрешни работи, согласно закон, самостојно раководи со Министерството за кое е избран, го следи и е одговорен за спроведувањето на законите и другите прописи од страна на Министерството и исклучиво тој, со закон е овластен да донесува прописи вв со процедурата и содржината на личните документи, односно за пропишување на обрасците за личните документи, нивната содржина, употребата на симболите и називите на Државата и сл.. Значи, Министерот, кој, континуирано е ресорен министер, бил должен навремено да ги превземе сите дејствија од своја надлежност за нивно усогласување со чл.3 од Уставниот закон ( со новото име на Државата). Но, таков пропис донел дури триесет (30) месеци (август,2021.) после влегувањето во сила на Законот и влегување во сила на законската обврска за усогласување (февруари, 2019).
– Од друга страна, Претседателот на Владата на РМ, како одговорен за нејзината работа, бил должен да го организира следењето/контролата од страна на Владата на извршувањето на чл.3 на Уставниот закон од страна на Министерот и бил должен да го насочува дејствувањето не само на Владата во целина, како орган за контрола на извршување на законите и да предлага конкретни активности за споведување на Законот, туку и да го насочува дејствувањето на Министерот Спасовски како член на Владата, како и да предлага негови конкретни активности, во согласност со програмските определби и насоките што Владата ги утврдува.
Но, спротивно на законската должност, Владата пропуштила да оцени дека посочениот Уставен закон не се спроведува, ниту превзела законски мерки за кои е овластена, а З. Заев, како нејзин тогашен Претседател, не го насочил дејствувањето на Владата во таа насока, ниту на О. Спасовски како нејзин член, па оттука со НЕИЗВРШУВАЊЕ на своите законски должности, придонел и во НЕИЗВРШУВАЊЕ на законските должности на Министерот О. Спасовски, како соизвршител на кривичното дело.
– Оттаму, поради НЕИЗВРШУВАЊЕ НА СВОИТЕ СЛУЖБЕНИ ДОЛЖНОСТИ утврдени со закон, од страна на Министерот О.Спасовски и од страна на Претседателот на Владата на РМ З.Заев, во текот на рокот од 5-те години за задожителното усогласување, од Министерството, неовластено и правно неосновано, на граѓаните долго време ( речиси три години) им се издаваа важечки документи согласно законите за лични документи (според рокот на нивно важење), но неусогласени со Уставниот закон ( со претходното Име на Државата), поради неусогласената постапка, обрасци и содржина на документите, а особено кај рокот на нивното важење затоа што на овие документи, издадени во текот на рокот за усогласување, е наведен рок на нивно важење според истите неусогласени прописи, па така, рокот на нивното важење им е далеку подолг ( на пример, 10 години!) од 5-те години во кој тие нужно, требаше да бидат усогласени!
– А потоа, наместо да предложат и пристапат кон изнаоѓање законски, професионални, побезболни, прифатливи и пристојни начини за надминување на овие аномали и правна конфузија, (по пат на измени на прописите и изработка на нови документи за замена на веќе издадените во овој рок на усогласување по службена должност од МВР и на сметка на Буџетот, бидејќи податоците се исти и важечки од издадените со утврден рок на издавање и со кои законски располага МВР), на само неколку месеци пред истекот на тој 5-годишен рок за усогласување, Министерот О. Спасовски, со сериозна закана кон граѓаните со санкции и пострашно, со – практично, извесна целосна парализа на функционирање на граѓаните и општеството во поголем обем – без пасош, лична карта, возачка дозвола… со ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ на границите на своето службеното овластување – УСМЕНО(?!), важечките документи (издадени согласно наусогласените прописи од директна и индиректна надлежност на Министерот и поранешниот Претседател на Владата) ги прогласува за НЕВАЖЕЧКИ и ги потсетува граѓаните на обврската, тие, наместо јавната администрација, да ги заменат со нови, заради извршување на нивната законска обврска без вина на граѓаните, без нивна обврска, и парадоксално(!) повторно на нивна сметка, дури и поскапена!
– Со тоа е предизвикана сериозна повреда на уставното начело на правна сигурност, е предизвикан немир, општа конфузија, револт и гнев кај граѓаните, а особено предизвикува ЗНАЧИТЕЛНА ШТЕТА, во износ од повеќе десетици милиони евра (денарска противвредност)!
– За потенцирање е дека согласно прописите, граѓаните не се супсидијарни субјекти на службените лица за извршување на нивните законски ДОЛЖНОСТИ! Граѓаните, согласно закон, се лично и исклучиво ДОЛЖНИ навремено да превземат пропишани активности, во разумен рок, за замена на своите документи (30 дена) пред истекот на рокот наведен во нивните лични документи, и се ОДГОВОРНИ за давањето точни податоци во процедурата, но не и самите да го утврдуваат, менуваат или толкуваат рокот, или да ја менуваат содржината на документите што е во исклучива надлежност на посочените службени лица.
– Во овој стеснет, преостанат рок од неколку месеци до истекот на 5-те години, по вина на овие лица, од Министерот О. Спасовски дополнително не се превземени дејствија за обезбедување (барем!) непречено спроведување на Законот, дури и на ваква изнасилена и недозволлива процедура, па палијативните, недообмислени, нестручни и неправни начини што им се нудат на граѓаните се речиси неостварливи, со неспорно извесни и застрашувачки последиците и што
– Спротивно на општите правила на функционирање на правниот систем и правната сигурност, не постои правен акт – ЗАКОН или друг пропис, кој не е ниту инициран од посочените службени лица, со кој е утврдено дека постоечките и важечки документи издадени од надлежниот орган, ќе бидат неважечки и пред истекот на рокот на нивното важење, туку – неовластено и усмено, од О.Спасовски, се прогласуваат за ништовни/неважечки, односно дека им престанува правната важност, иако значаен дел од нив се издавани после настапување на законската обврска за усогласување, со рок на важење далеку подолг од 5те години.
***
На опишаниот начин, Оливер Спасовски, ја злоупотребил својата службена положба како Министер за внатрешни работи во Владата на Република Македонија, со соизвршителство на Зоран Заев како тогашен Претседател на Владата, кои, како СЛУЖБЕНИ ЛИЦА, со НЕИЗВРШУВАЊЕ на СВОИТЕ СЛУЖБЕНИ ДОЛЖНОСТИ, а О.Спасовски и со ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ на своите службени овластувања, предизвикуваат ЗНАЧИТЕЛНА ШТЕТА за граѓаните, што е утврдено во член 353 став 3 од Кривичнот законик, за кое е запретена казна затвор од најмалку три години.
Поконкретни правни основи:
1. Спротивно на недвосмислената волја на граѓаните на РМ, претежно на припадниците на Македонскиот народ, против воопшто изјаснувањето околу промена на Името и други идентитетски прашања, Уставот и меѓународното право, како нивни, sui generis права кои спаѓаат во доменот на неоттуѓиви ius cogens права, а искажана и на Референдумот од 30.09.2018., власта, исто така, со пречекорување и злоупотреба на своите службени овластувања санкционирани со закон и меѓународното право, ја склучи „Спогодбата-Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817(1993.) и 845(1993.) на Советот за безбедност на ООН, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995. г. и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните“ , а потоа преку низа неовластени и противуставни дејствија, со злоупотреба на својата положба и овластување, ги усвои Уставните амандмани и Уставниот закон заради нејзино спроведување, меѓу кои и Амандманот 33 со кој е променето Името на Државата Македонија во „Република Северна Македонија“.
( За овие повреди, против сторителите е поднесена кривична пријава и во пропишна процедура е иницирана постапка пред надлежно тело на ООН)
2. Со чл.3 на Уставниот закон за спроведување на Амандманите 33-36 на Уставот на Република Македонија е утврдено дека:
„Постоечките официјални документи и материјали на јавната администрација за меѓународна употреба и документите за внатрешна употреба кои може да се користат надвор од државата, ќе се усогласат со Амандманот XXXIII најдоцна во рок од пет години од нeговото влегување во сила.
Амандманот 33 влезе во сила со влегување во сила на „Спогодбата-Конечна спогодба за решавање на разликите опишани во Резолуциите 817(1993.) и 845(1993.) на Советот за безбедност на ООН, за престанување на важноста на Привремената спогодба од 1995. г. и за воспоставување стратешко партнерство меѓу страните“, откога НАСПАПИЛА ОБВРСКАТА НА ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА, оттука и на Министерството за внатрешни работи, ЗА УСОГЛАСУВАЊЕ НА НЕЈЗИНИТЕ ДОКУМЕНТИ И МАТЕРИЈАЛИ.
3. Со ЗАКОНИТЕ за лични документи ( на пр. со чл.7 на Законот за лична карта) е утврден рок за важење на издадени лични карти од 10 години, како и рок во кој граѓаните се должни да иницираат постапка за нивна замена, како и условите/причините за нивна предвдемена замена и условите за престанок на нивната предвремена важност, а во кои не е утврден рокот за усогласување од Уставниот закон.
4. Министерството за внатрешни работи е надлежен орган на државната управа, кое како дел на ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА, според чл.16 од Законот за организација и работа на органите на државната управа има законска надлежност покрај другото, да
„…ги врши работите што се однесуваат на „…- пријавувањето на живеалиштето и престојувалиштето; државјанството и патните исправи за премин на државната граница…“;
5. Според чл.13 на Законот за Владата на РМ „Министерот самостојно раководи со министерството за кое е избран, го следи и е одговорен за спроведувањето на законите и другите прописи.“
6. Според чл.13 на Законот за Владата на РМ:
„Владата е должна кога ќе оцени дека не се извршуваат законите и другите прописи … да преземе мерки за кои е овластена, односно да му предложи на Собранието преземање на соодветни мерки“;
а според чл. 11:
„Претседателот на Владата раководи со работата на Владата, одговорен е за нејзината работа и остварува соработка со другите органи, јавни претпријатија и установи.
(2) Претседателот на Владата го насочува дејствувањето на Владата во целина и на нејзините членови во согласност со програмските определби и насоките што таа ги утврдува.“
7.О. Спасовски и З. Заев согласно чл.122 од КЗ се СЛУЖБЕНИ ЛИЦА.
***
Докази, како пример:
Копии од лични документи
Подносител,
Олгица Трајковска, ….