Советникот на украинскиот претседател Володимир Зеленски, Михајло Подољак, постапките на шефот на руската платеничка компанија „Вагнер“, Евгениј Пригожин, денеска ги опиша како „антитерористичка операција“ и кажа дека „во Русија допрва почнува“, пренесоа британските медиуми.

„Поделбата меѓу елитите е премногу очигледна. Согласноста и преправањето дека се е во ред едноставно нема да успее“, напиша Подољак на Твитер.

„Некој дефинитивно мора да загуби – или Пригожин… или колективниот „анти-Пригожин““, додаде тој.

„Во Русија допрва почнува“, заклучи Подољак.