Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 се намалува за 2,50 денари, додека цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалува за 2,00 денари. Цените на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V), на Екстра лесното масло за домаќинство на (ЕЛ-1) и на Мазутот М-1 НС не се менуваат, одлучи Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги.
Од ноќеска на полноќ, новата цена на ЕУРОСУПЕР БС – 95 ќе изнесува 82,5 денари, на ЕУРОСУПЕР БС – 98 ќе изнесува 85 денари. Дизел горивото ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V) ќе изнесува 74 денари, а маслото за горење Екстра лесно 1 (ЕЛ-1) ќе изнесува 72,5 денари. Мазут М-1 НС ќе изнесува 41,409 денари.
Со одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,05 проценти во однос на одлуката од 18 април оваа година.
Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 4,118%, кај дизелот за 2,823 %, кај екстра лесното масло за 2,702% и кај мазутот има зголемување за 1,511 проценти. Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,713 проценти, соопшти Регулаторната комисија.