Во синоќешната емисија „24 Анализа“ на ТВ24 пратеникот од редовите на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Љупчо Пренџов во однос на 60 часа работа на автопатите истакна дека законот вели 40 часа плус максимум 8 и затоа не може како функционери да потпишуваат 60 часа.

– Сите ние овде имаме различни мислења но затоа постои закон, затоа постои Устав. Вие како функционер може да имате било какви мислења и пристап во поглед на определен проект, закон итн. Но ако законот ви вели 40 плус 8 часа максимум вие како функционер не можете да потпишете на 60 работни часа. И Уставот и законот, и Уставниот суд се произнесол дека тоа е закон во Македонија и вие како функционер сте должни да ги почитуваате законот. Вие може не се согласувате со законот, но морате да го почитувате. Се прават прекршоци од страна на функционерите во оваа држава, нагласи Пренџов.