Според податоците за движењето на цените на берзата HUPX во Унгарија, на 20 јануари просечната цена на еден мегават-час електрична енергија изнесувала 173,78 евра, објави Фактор.
Цената на струјата во текот на дневните часови, од 9 до 20 часот, постигна ниво од 203,44 евра за мегават-час.
Просечната цена на електричната енергија во текот на овој месец изнесува 138,33 евра за мегават-час и е за околу 123 евра пониска од цената по која се тргуваше во текот на декември.
Извор: Фактор