Иако многумина сегашниот референдум го споредуваат со референдумот за територијалната организација во 2004 година, се чини, вистински пример за споредба се претседателските избори истата година, кога исто како и сега, се бркаше цензус од 50 отсто излезност (во вториот круг од гласањето).
Се разбира, цензус се бркаше и на другите претседателски избори, но во 1994 и 1999 година имаше масовна кражба на гласови, првиот пат во полза на Киро Глигоров, вториот во полза на Борис Трајковски, па не се сосема погодни за споредба.
Фалсификат имаше и во 2004 година, впрочем со сето прогледување низ прсти дури и ОБСЕ извести за 8 отсто уфрлени ливчиња, но овој циклус од изборите, се чини е најпогоден за споредба со сегашното бркање цензус од страна на СДСМ и странскиот фактор.
Циклусите од 2009 и 2014 кога победи Иванов не се земени предвид поради неговите лесни и чисти победи и поради фактот што ВМРО-ДПМНЕ во тие циклуси имаш убедливо водство.
Се разбира, ситуацијата не е идентична, но некаков пример е!