Обвинувањата на СДС за застојот во работењето на ПЕТ Центарот може да ги упатат кон поранешното раководство на установата, од чии пропусти и произлезе проблемот.
Имено, застојот во сервисирањето беше резултат на набавка на погрешни филтри од страна на претходното раководство на оваа ЈЗУ што беше утврдено при самиот сервис.
Новото раководство веднаш презеде мерки за експресна набавка на нови соосветни филтри со цел непречена функција на производството.
Во ПЕТ центарот иницирана е постапка за воведување нова дијагностичка метода, во интерес на пациентите.
Според официјалните информации од институциите, станува збор за редовен сервис за замена на хепа филтрите, кои поради заситеност мораа да се заменат. Согласно законските процедури, секоја таква промена бара реквалификација на чистите соби во одделот за производство на радиоизотопи и синтеза на радиофармацевтици.
Благодарение на новиот динамичен план што го воведе актуелното раководство на ПЕТ Центарот, проблемот со листите на чекање е значително намален – во моментов, тие се двојно пократки во споредба со претходниот период.