Во Тетово ноќеска бил претепан Стојко Пауновски, поранешен пратеник од СДСМ.
Пауноски кој живее кај Офицерските згради во центарот на Тетово, вчера вечер околу 20 часот повикал сообраќајна полиција откако имал расправија од соседното кафуле кои му го блокирале возилото пред зградата и не сакале да се препаркираат. На Твитер беше објавено дека расправијата и тепачката биле на етничка основа.
Откако завршила таа епизода, поранешниот пратеник си заминал во неговиот дом. Нешто после полноќ истата група пред зградата го чекале и го нападнале неговиот син, кој се уплашил и викал за помош. Неговиот татко, од терасата го видел тепањето на својот син и веднаш се симнал да го брани, но групата неиндетификувани Албанци ги претепале и двајцата по што избегале во непознат правец.
Околу 01 часот по полноќ Пауновски и неговиот син пристигнале во градската болница каде што им била укажана медицинска помош и констатирани тешки телесна повреди, скршени коски и тешки набиеници.
Случајот во полиција бил пријавен околу 04 часот сабајлето.