Претседателот на Европската слободна алијанса (ЕФА), Франсоа Алфонси изјави дека „крајот на грчката блокада за Република Македонија за интеграција во ЕУ и во НАТО има цена којашто можеби е превисока за да биде прифатлива. ЕФА е загрижена за последиците од договорот, особено за тоа што ќе се случи со македонското малцинство во Грција (и Бугарија).

ЕФА, според него, стравува дека непочитувањето на македонското малцинство во споменатите земји и натаму ќе се влошува, бидејќи договорот го поткопува македонскиот идентитет генерално.

Потпретседателката на ЕФА, Лорена Лопез де Лакал, која годинава ја посети Бугарија и македонското малцинство таму, изјави дека „Република Македонија ќе мора да го понесе својот дел од вината за неправдите кои произлегуваат од Преспанскиот договор“, како и дека крајот на блокирањето на пристапот во ЕУ и во НАТО никогаш не треба да го поткопа правото на нација за сопственото постоење “.