Нов протест „за Македонија“ ќе има утре во Солун под слоганот „Нема да помине“!

Протестите се предвидува да се одржат кај Беаскуле, објавија организаторите на Фејсбук

„Нема да помине“!. Дојдете на протести за Македонија. Недела во 19 часот на плоштадот кај Беаскуле, се вели во прогласот.

Во него се додава „сите Грци да донесат со себе грчки знамиња, но и знамиња со Сонцето од Вергина“.

Како што е објавено на Фејсбук, демонстрантите ќе продолжат организирано и же протестираат пред американскиот конзулат и пред седиштата на Сириза и на АНЕЛ.