Убавата блогерка од Мелбурн ја покажа својата дневна рутина на шминка, со која успешно ги крие акните на лицето.
Клои Сзев е 19-годишна блогерка и ѕвезда од Инстаграм од Австралија која има проблеми со кожата за кои зборува отворено. На своите многу пријатели и следбеници им откри како со помош на козметички производи успешно го сокрива нејзиното „вистинско” лице.
Таа ја објави својата трансформација на ЈуТјуб, додека за Инстаграм, каде што ја следат речиси 440.000 луѓе, таа е секогаш максимално средена и дотерана. Впрочем, видете и сами.