Временска прогноза

27 септември 2018

Времето во Македонија ќе биде сончево со умерен, локално повремено и засилен североисточен ветер. Утрото ќе биде студено и ведро.

Утринската температура ќе се движи од минус четири до шест, а дневната од 14 до 24 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 6.

Во Скопје, времето ќе биде сончево со умерен североисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до еден, а дневната ќе достигне до 21 степен.

До петок времето ќе биде стабилно, со ниски утрински температури кои наместа ќе се спуштат и под нулата. Преку денот ќе биде претежно сончево со пораст на дневните температури. Од сабота облачноста ќе се зголеми и во следните денови ќе има повремен локален дожд.