Тренерот на Пари Сен-Жермен, Маурисио Покетино, ги „искара“ новинарите бидејќи секогаш критикуваат.

ПСЖ вчеравечер во првиот натпревар од новата сезона во Лига 1 против Стразбур победи со 4:2.

На прашањето „Како реагиравте на падот во играта на тимот по 3:0“, Покетино одговори:

– Секогаш барате негативност! Многу сум задоволен од резултатот. Имавме одлично прво полувреме, покажавме ефикасен посед и добро ја контролиравме топката. Постигнавме три гола, имавме многу повеќе шанси и не примивме гол пред паузата, што е тешко во првенство со таква конкуренција како во Лига 1. По првиот примен гол, малку забавивме, но во целина имавме добар натпревар, изјави Покетино.

Головите за ПСЖ ги постигнаа Икарди, Мбапе, Дрекслер и Сарабија.