Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Еден Азар се огласи по победата над Алавес (4:1) во 1. коло од Примера.

– Се надевам дека со доаѓањето на Анчелоти на тренерското место, ќе постигнеме повеќе голови. Тука сме за тоа – особено ние напаѓачите. Мислам дека можеме да постигнеме многу заедно оваа сезона. Што е најважно, сите сме едно. Можеме да одиме на натпреварите со 3-4 напаѓачи, но во исто време сите ќе работат за доброто на тимот. Главната работа е да се освојат три бода на секој меч, изјави Азар.

Белгиецот мината сезона се мачеше со повреди, па сега очекува проблемите да бидат надминати.

-Се чувствувам добро. Мојот глужд веќе не ми создава тешкотии. Ќе дадам се од себе, ветува Азар.

Тој на вчерашниот меч одигра 48 минути, па беше заменет со Карим Бензема.