Покетино на прес-конференција одржана во мадрискиот стадион „Ванда Метрополитано“ изјави дека клучниот момент се случи во првите 20 секунди со сомнителниот пенал, кој негативно влијаел на играта на Тотенхем.
-Цел свет виде што се случи. Каков било план што сме го увежбале последнивте три недели отпадна по пеналот во 20. секунда. Никој не го очекуваше тоа, а последицата беше многу негативна за играчите, изјави аргентинскиот стручњак.
Маурисио го коментираше и пеналот, велејќи дека не знае дали тоа беше пенал, дека неговиот играч не одел кон топката со рака и дека тоа е одлука на судијата, која ја нарече „несреќа“ која психолошки е тешко да се прифати.
Ливерпул поведе со 1:0 благодарение на пеналот во 24. секунда кога топката го погоди во рака бекот Сисоко, а непогрешлив од белата точка беше Салах.