Тренерот на Тотенхем, Маурисио Покетино, изјави дека нема никакви сигурни гаранции дека ќе остане во клубот и следната сезона.

Тотенхем сезонава ќе ја заврши меѓу четирите најдобри екипи во Премиер лигата. Во Лигата на шампионите ќе настапува и следната сезона, но и покрај одличните поединци, сепак и годинава клубот не беше ни близу до трката за шампионската титула.

Во изминатиот период се појавија гласини дека Покетино ќе го напушти Тотенхем, на што аргентинскиот стручњак одговори дека има тригодишен договор со клубот.

– Какво прашање, денес никој не е сигурен дали ќе ја задржи работата како тренер. Јас имам тригодишен договор, но не знам утре што ќе се случи. Нема поената да се разговара за тоа, истакна Покетино.

Тој вели дека по завршувањето на сезоната ќе разговара со управата на клубот за важните работи во следната година.