Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, индиректно ги прокоментира информациите за потенцијалното доаѓање на Нејмар во неговата екипа.

Светските медиуми во претходните неколку дена се поинтензивно пишуваат за новиот рекорден трансфер и доаѓањето на некогашниот играч на Барселона 260 милијарди евра.

Според нив, најдобриот играч на Парис Сен Жермен, кој минатото лето стигна во Париз за 222 милијарди евра, наводно веќе во два наврати се состанал со претставници на Кралскиот клуб во Бразил, каде се опоравува од операција.

-Немам што да ви кажам на таа тема зашто не е нешто поради што се грижам, мојата грижа е исклучиво за преостанатите натпревари до крајот на сезоната. Иако не верувам дека управата на клубот преговара со него. Всушност, вашата работа е да пишувате и објавувате такви вести, рече Зидан.

-Дали Кристијано и тој се компатибилни? Добрите играчи секогаш се компатибилни. Во мое време, зборуваа дека не сум компатибилен со Јури Џоркаеф, што само по себе беше бесмислица. Па ние заедно го освоивме Светското првенство. Секоја ситуација е различна, но е просто – хемија или постои или не постои, рече Зизу.